Врз основа на Програма за активностите на Општина Македонска Каменица во областа на социјалната заштита во 2025 година бр.08-1604/1 од 16.06.2025 година и Правилник за остварување на право на еднократна парична помош на лица со попреченост од Општина Македонска Каменица бр.09-1669/1 од 20.06.2025 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот Димчо Атанасовски упатува Јавен повик до лица со попреченост и семејства на лица со попреченост кои живеат на територијата на Општина Македонска Каменица, за доставување на барање за финансиска помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година.
За остварување на финансиската помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година, до Општина Македонска Каменица потребно е да се достават следните документи:
-Барање за остварување на правото на еднократна парична помош чиј составен дел е изјава за користење на лични податоци;
-Фотокопија од важечка лична карта како доказ за жител на Македонска Каменица;
-Фотокопија од извод од матичната книга на родени односно венчани, како доказ за сродство;
-Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченост и посебните потреби на лицата со попреченост;
– Наод и мислење од Службата за функционална проценка (МКФ);
-Потврда дека лицето остварува право на надоместок заради попреченост врз основа на конзилијарно мислење;
-Веродостојна медицинска документација со која се утврдува исполнувањето на бараните услови од член 4 на овој Правилник.
-Фотокопија од трансакциска сметка.
Јавниот повик се однесува за лица жители на Општина Македонска Каменица.
Линк до Правилникот за остварување на право на еднократна парична помош на
лица со попреченост од Општина Македонска Каменица: Правилник За Остварување На Право На Еднократна Парична Помош На Лица Со Попреченост Од Општина Македонска Каменица
ЛИНК ДО БАРАЊЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО ЗА ЕДНОКРАТНА ПРИЧНА ПОМОШ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: baranje_ednokratna_pomos_lica_poprecenost
Потребната документација може да се достави до Архива на Општина Македонска Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.
Општина Македонска Каменица
Градоначалник, Димчо Атанасовски

