ЈАВЕН ПОВИК за прибирање барања за користење на средства за финансирање на социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица за 2025 година

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на Р.М.” бр.5/2002) и Програмата за социјални услуги на Општина Македонска Каменица за 2025 година („Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.49), Градоначалникот на  Општина Македонска Каменица објавува:

 

Ј А В Е Н  П О В И K

 

За прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Македонска Каменицаза 2025 година, наменети за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година, ќе се врши во согласност со Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица и врз основа на критериумите што се наведени во овој повик.

1. Вид проекти што ќе бидат финансиски поддржани:
Средствата од Буџетот на Општина Македонска Каменица ќе се користат за финансирање социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица за следниве приоритетни услуги, утврдени во Програмата за социјален сервис на Општина Македонска Каменица за 2025 година:
Услуга:Помош и нега во домот

1. Прeдвидени средства
За финансирање на понудените социјални услуги, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2025 година. Исплатата ќе се врши со потпишување на договор и поднесено барање за исплата.

1. Доставувањеизвештај
Апликантите – даватели на социјални услуги, на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата социјален сервис на Општина Македонска Каменица за 2025 година, По завршување на активностите имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Комисија за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица.

4. Право на учество и критериуми
Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата – даватели на социјални услуги со седиште на територијата на Општина Македонска Каменица како матична општина каде што физички ќе се реализира проектот, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:
• Да се регистрирани како здружение на граѓани во Централниот регистар на Република Северна Македонија;
• Да се лиценцирани даватели на социјални услуги во регистарот на МТСП или имаат потврда од МТСП дека се провајдери на специфичната социјална услуга;
• Да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалкуедна (1) година;
• Да дејствуваат на територијата на Општина Македонска Каменица;

1. Потребна документација што апликантот – давател на социјална услуга треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка
Здруженијата -даватели на социјални услуги што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:
1. Документација за регистрација на субјектот (тековна состојба оригинален примерок) не постара од шест месеци, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
2. Важечка лиценца (5 години) за давател на конкретна социјална услуга издадена од МТСП;
3. Финансиски план за потребните средства за реализација на услугата за која се аплицира;
4. Пријава за аплицирањешто е поставена на веб-страницата на Општината (www.makedonskakamenica.gov.mk)
5. Завршна сметка за 2024година
6. Договор за реализирани социјални услуги во текот на 2023 и 2024

Напомена: Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

1. Рок и начин на доставување на пријавите.
Рок за поднесување на пријавите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на ОпштинаМакедонска Каменица.
Пријавата со целокупната документација може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица секој работен ден од 07.30 часот до 15.30 часот .
Здруженијата учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите за распределбата на средства од Буџетот на ОпштинаМакедонска Каменица за 2025 година за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните.

 

Јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Македонска Каменицаза 2025 година, наменети за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Македонска Каменица

Пријава на социјални услуги ЕЛС

 

Општина Македонска Каменица
Градоначалник
Димчо Атанасовски

Сподели

Остави коментар