ГАЛОСКИ ќе настапи на Денот на дијаспората во Македонска Каменица

Денот на дијаспората во Македонска Каменица продолжува да ја збогатува својата програма со нови содржини. На барање на помладите генерации, дел од овогодинешниот настан ќе биде еден од најуспешните македонски продуценти и диџеи – ГАЛОСКИ.

ГАЛОСКИ е препознатливо име на современата електронска музичка сцена. Тој снима за издавачката куќа на Dimitri Vegas & Like Mike, а неговата музика континуирано добива поддршка од светски познати имиња како David Guetta, Tiësto, Armin van Buuren, Martin Garrix, Solomun, Swedish House Mafia, Steve Angello, Sebastian Ingrosso и многу други.

Ова ќе биде негов прв настап во Македонска Каменица, каде ќе го приреди финалното аудио-визуелно шоу на Денот на дијаспората.

Настанот ќе се одржи на 9 август, на главната градска улица „Александар Македонски“, со нов и модерен концепт кој ќе понуди повеќе од шест часа разновидна програма за сите генерации.

Со настапот на ГАЛОСКИ, Денот на дијаспората добива уште една современа и урбана димензија, збогатувајќи ја понудата со спектакуларно музичко доживување кое ќе ја заокружи вечерта.

Општина Македонска Каменица ги поканува сите граѓани, гости и иселеници да бидат дел од оваа незаборавна вечер.

Сподели

Остави коментар