Решение за свикување на прватата( конститутивна) седница на советот на ЕЛС Македонска Каменица

Врз основа на член 37 став 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002 и „Службен весник иа Република Северна Македонија” бр.84/2020 и 202/2024), член 6 од Деловникот за работа на Советот на општина Македонска Каменица („Службен гласник на општина Македонска Каменица” бр.9/2006 и 38/20) и член 21 од Статутот на општина Македонска Каменица („Службен гласник на Општина Македонска Каменица” бр.20/2019, 38/20 и 33/24), Претседавачот на Советот на ЕЛС Македонска Каменица донесе:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на Iта( конститутивна) седница на Советот на ЕЛС Македонска Каменица

Седницата ќе се одржи на ден 12.11.2025 година со почеток во 16:30 часот во салата за состаноци во просториите на општина Македонска Каменица :

Дневен ред

  1. Предлог- Решение за формирање на Верификациона комисија.
  2. Предлог – Решение за верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Македонска Каменица.
  3. Предлог – Решение за формирање на Кандидациона комисија.
  4. Предлог – Решение за избор на Претседател на Советот на општина Македонска Каменица.
  5. Предлог-Решение за разрешување и именување на членови на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

 

Напомена : Со себе носете ги Уверенијата за избран член на совет на општина Македонска Каменица, личните карти и копија од трансакциски сметки.

  1. dneven_red_konstituivna_sednica

Сподели

Остави коментар