
Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во ноќта помеѓу 15 и 16 јули 2026 година, во периодот од 22:00 до 02:00 часот, ќе се спроведе третото терестрично прскање против комарци на подрачјето на Општина Македонска Каменица.
Третманот ќе се изврши на површина од 200 хектари, согласно Договорот за јавна набавка за терестрична апликација за уништување на возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).
Активностите ќе ги реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со употреба на соодветен инсектицид одобрен за оваа намена.
Се апелира до сите пчелари на подрачјето на Општина Македонска Каменица навремено да ги преземат потребните заштитни мерки за заштита на пчелните семејства за време на третманот и непосредно по неговото завршување.
Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден ден со поволни временски услови.
Општина Македонска Каменица продолжува со спроведување на редовни мерки за контрола на популацијата на комарците, со цел заштита на јавното здравје и обезбедување подобри услови за живот на граѓаните.