Во петокот се оддржа хуманитарен новогодишен базар

Во петок, во училишниот двор на средното училиште, а во организација на СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ЈОУДГ „Бамби“ и со активна вклученост на лица со посебни потреби, се оддржа хуманитарен новогодишен базар. Големиот број новогодишни украси, честитки и реквизите се продаваа по симболични цени, а собраните средства ќе бидат донирани за лицата со посебни потреби и за реализација на мерки за нивна целосна интеграција во општествениот живот.

На базарот присуствуваше и градоночалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова, како и финансискиот директор на Рудник „Саса“ г-дин Дејан Спасевски.

Сподели

Остави коментар