Второ авионско прскање против комарци во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во вторник, на 30 јули 2019 г. во периодот меѓу 04:00 и 08:00 часот наутро, екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово на територијата на општина Македонска Каменица ќе спроведат авиотретирање против комарци.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Сподели

Остави коментар