Градските улици и локални патишта интензивно се чистат од снег

 

Градските улици и локалните патишта интензивно се чистат од снег

 


И во текот на денешниот ден интензивно се чистат од снег улиците во централното градско подрачје, како и локалните патишта кои водат до руралните средини. Екипи на Јавното претпријатие „Камена Река“ постојано се на терен и во функција се ставени сите расположливи возила и работници.
Општина Македонска Каменица апелира до граѓаните да го расчистуваат снегот пред индивидуалните и колективните објекти за домување, што е и нивна законска обврска, но и да ги отстранат возилата од градските улици, се со цел полесно и поефективно расчистување на улиците и овозможување подобра проодност.

Сподели

Остави коментар