ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА СРБИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Вчера, во официјална работна посета на општина Македонска Каменица беа амбасадорот на Република Србија во Република Македонија г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и конзулот во Амбасадата на Република Србија г-ѓа Љиљана Танасијевиќ. На средбата со градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова се разговараше на неколку теми, а посебен акцент беше ставен на можноста за реконструкција на Спомен костурницата во село Цера и изградба на Инфо-центар, како и поддршка за збратимување на општина Македонска Каменица со општини од Република Србија.

Сподели

Остави коментар