“Ден на дијаспора 2018” во Македонска Каменица

„Ден на дијаспора 2018“ во Македонска Каменица

Денес (12.08.2018), во Македонска Каменица се оддржува настанот „Ден на дијаспора“. Во рамки на истиот, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалничката Соња Стаменкова и Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми отворија Канцеларија за соработка со дијаспората.
– „Денес, на наше огромно задоволство, отвараме Канцеларија за соработка со дијаспората. Огромен број наши сограѓни, во најтешките периоди за Македонска Каменица, својата егзистенција ја побараа во европските и прекуокеанските земји. Ние сметаме дека е неопходно да останеме во блиска комуникација со нив, да соработуваме и заеднички да градиме подобра иднина за нашите поколенија.
Очекуваме дека со новата Канцеларија, со наша поголема заложба и со стратетегијата која ја подготвуваме, во идниот период ќе изградиме партнерски однос со нашите иселеници. Оваа соработка е значајна од повеќе аспекти и мораме во иднина да се посветиме да ја подигнеме на повисоко ниво. Сакаме да ги мотивираме иселениците да се враќаат во родниот крај, да инвестираат тука и заеднички да градиме просперитна општина.
Од друга страна пак, заедно со општините со кои веќе сме збратимени, но и со оние со кои ќе се збратимиме во иднина, ќе соработуваме на повеќе полиња, на економски, културен, социјален, образовен и спортски план, и на тој начин ќе допринесеме нашите иселеници да имаат перспектива.
Драго ни е што и Владата на РМ е на наша страна, што ги поддржува овие иницијативи и верувам дека се ова ќе даде завидни резултати“ – изјави градоначалничката Стаменкова.

По отварањето на Канцеларијата и по кратката прошетка низа Македонска Каменица, започна оддржувањето на „Ден на дијаспората“ на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. Во рамки на официјалниот дел од денешната Програма беа оддржани неколку презентации за можностите за инвестирање во Македонска Каменица, како и на плановите и стратегиите за подобра соработка со македонските иселеници. Презентација имаше и министерот за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Во рамки на неофицијалниот дел, пак е, концертен настап на македонската музичка ѕвезда Марјан Коцев и Актив бенд.

 

Сподели

Остави коментар