Детски Семафор 2016

На ден 23.04.2016 година (Сабота) во општина Македонска Каменица се одржа меѓуопштински натпревар во „Детски Семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“.

Учествуваа основните училишта „Ванчо Прке“ и „св. Килимент Охридски“ од Делчево и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица.

Прво место екипен пласман освои ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица а во поединичен пласман беа доделени награди од прво до трето место во машка и женска конкуренција во мала и голема група.

Натпреварот во Сообраќајно техничка култура на младите се одржа помеѓу СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица и СОУ Методи Митевски Брицо од Делчево. И овде првото место му припадна на домаќините а во поединечен пласман беа доделени награди од прво до трето место. Менторите на екипите на двете натпреварувања беа соодветно наградени за постигнатиот успех на своите екипи.

Доделените награди беа од облааста во безбедноста на велосипедидтите во сообраќајот а главен покровител на настамот беше Општината и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар