Општина Македонска Каменица продолжува со заложбите за подобрување на условите за поквалитетен и подобар живот на жителите од селските и приградски средини. За таа цел, во текот на изминатите денови беа асфалтирани повеќе пристапни патишта во Павлишдолско маало, со вкупна должина од 110 метри или вкупно 400 m2 асфалт.
Вкупната вредност на проектот е 2.150 835 денари, а изведувач на активностите е “Коле Транс Инжинеринг” ДОО Штип.