ЗАКЛУЧОЦИ од Вонредниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Македонска Каменица

Денес, 30. Октомври 2020 година во просториите на општина Македонска Каменица се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување. На состанокот покрај градоначалничката на општина Македонска Каменица беа присутни раководители и претставници од ЈОУДГ „Бамби“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ООУ „Миле Јаневски Џингар“, ЈП „Камена Река“, ТППЕ Македонска Каменица, Рудник Саса, ПО Македонска Каменица, ЗС „Гоце Делчев“ Македонска Каменица и РЦУК – Делчево.

Беше разгледана новонастанатата состојба и ситуацијата во општина Македонска Каменица со значително покачениот број на позитивни случаи со Ковид 19. Беше истакнато дека во моментов од страна на Центарот за јавно здравје решенија за изолација имаат 23 лица, од кои 9 инфицирани со Ковид 19. Сите лица, според извештајот на Полициското одделение на МВР во Македонска Каменица ги почитуваат решенијата за изолација и се придржуваат кон пропишаните ограничувања за движење за време на периодот во изолација.

Во извештајот при расправата од претставниците на воспитно образовните институции беше изнесено дека се почитуваат сите мерки и протоколи за работа во услови на пандемија. Се врши редовна дезинфекција на сите работни простории. Обезбедени се сите потребни услови за одржување на и колективна хигиена.

Во таа насока и во согласност со новите рестриктивни мерки од Владата, Комисијата за заразни болести и досегашните заклучоци од работата Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешниот состанок беа донесени следниве заклучоци и мерки за постапување:

  1. Продолжување со редовна и воведување на вонредни акции за темелна дезинфекција на фрекфентните јавни површини во општина Македонска Каменица.

Во таа насока ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица ќе продолжат со редовна дезинфекција на сите јавни и фрекфентни површини во Македонска Каменица како плоштад, плочници, паркови, урбана опрема, простори пред аптеки, банки, маркети, градски пазари и влезовите со заедничките простории во станбените живеалишта.
Заитересираните граѓани кои живеат во индивидуални живеалишта во текот на секој работен ден, од кругот на ЈП Камен Река, можат бесплатно да се снабдат со дезинфекционо средство, кое рационално ќе го употребуваат во домашни услови. Активноста да продолжи континуирано.

  1. Општинскиот штаб за заштита и спасување Македонска Каменица бара од Државниот пазарен инспекторат и МВР да продолжат со редовни времени контроли врз начинот на работењето на казината, обложувалниците, трговско-угостителските и производствените објекти на територија на општина Македонска Каменица во однос на почитувањето на работното време и протоколите за заштита и спречување на ширење на Ковид 19.
  2. Граѓаните да избегнуваат групирање и движење во група на отворен и затворен простор во одредени периоди од деноноќието утврдени со закон. Исто така, се апелира до граѓаните да избегнуваат присуство на јавни и приватни настани во затворен или на отворен простор поради реална и зголемена можност од ширење на Ковид 19.
  3. Врз основа на досегашните и новопропишани мерки и препораки од Владата, а во насока на зголемена безбедност и спречување на ширење на заразата, на локалните, меѓуопштинските и подрачните институции во Македонска Каменица им се наложува да продолжат со вршење на редовна дезинфекција на канцелариските работни простории и дворните простори.
  4. Според насоките добиени во Дописот од Дирекцијата за заштита и спасување, се забранува користењето на сите детски забавни паркови и отворени детски игралишта на територијата на општина Македонска Каменица. Се наложува поставување на видно обележување за забрана за нивно користење.
  5. Општина Македонска Каменица во соработка со Рудник Саса, ЈП Камена Река и воспитно образовните институции во градот ќе спроведе интензивна медиумска кампања, преку која директно ќе работи на подигање на свеста кај граѓаните и институциите за заштита на личното и јавното здравје.
  6. Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до граѓаните и сопствениците на трговските, услужните и угостителските објекти на територија на општина Македонска Каменица за почитување и строго придржување и спроведување на досега пропишаните протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.
    Само со почитување на мерките за носење на заштитни медицински маски, редово миење на раце и одржување на физичка дистанца можеме да го зачуваме личното, здравјето на најблиските и јавното здравје во нашата заедница.
  7. Со оглед на периодот што следува, односно период со зголемена можност за ширење на заразата со Ковид 19, Општинските штаб за заштита и спасување ќе продолжи со одржување на редовини и вонредни состаноци.

Општинскиот штаб за заштита и спасување ги информира граѓаните на општина Македонска Каменица дека моменталната епидемиолошка слика покажува зголемен број на позитивни случаи и лица во изолација.
За таа цел, апелира до граѓаните за одговорност кон личното и јавното здравје.
Да се почитуваат мерките за задолжително носење на медицински маски во затворен и отворен простор.
Да одржуваат минимално фисичко растојание со избегнување на присуство и движење во група.

Само заедно можеме да успееме во борбата против Ковид 19.

#ОдНасЗависи

 

Сподели

Остави коментар