Надлежните служби на општина Македонска Каменица започнаа со новогодишно украсување на градот. За таа цел, ангажираните екипи на ЈП Камена Река веќе поставуваат најразлични видови на новогодишни светилки и украси во поширокиот дел на централното градско подрачје. Во посебен новогодишен декор ќе биде украсен градскиот плоштад, каде веќе е поставена новогодишна елка и поголем број на новогодишни украси.
За предвиденото украсување, покрај досегашните светлечки ефекти, се набавени и додатни најразлични новогодишни светилки и украси, се со цел граѓаните на Македонска Каменица новогодишните празници да ги поминат во прекрасен празничен амбиент и атмосфера. Украсувањето треба да заврши во текот на наредните денови, по што Македонска Каменица ќе го добие потребниот сјај и приказната за поубав дочек на Новата година ќе биде целосна.