Започна спроведувањето на Програмата за општинско корисна работа

Започна имплементацијата на Програмата „Општинско-корисна работа 2018“, која е финасирана од УНДП и АВРМ во соработка со општина Македонска Каменица. Во Програмата за „Општинско-корисна работа“ според потребите на Општината и граѓаните се ангажирани 19 лица од Македонска Каменица.

 

 

Како Лични асистенти во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се вклучени 3 лица, во Дневниот центар за лица со посебни потреби 4 лица, едно како воспитувач во Детската градинка Бамби, 3 инвалидни лица според потребите во советодавни услуги и осум лица за грижа на стари, изнемоштени и инвалидни лица.

Лицата вклучени во Програмата за општинско корисна работа како лични асистенти се ангажирани на одреден временски период од 9, а останатите на 6 месеци. Дел од нив се нагажирани со 4 часовно работно време во текот на денот, додека сотанатите се со 6 часовно работно време.

Координатор на проектот кој по четврти пат се спроведува во Македонска Каменица е Миран Митревски.

Сподели

Остави коментар