Започна чистењето на базените од водоводната мрежа во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река започна со предвиденото чистење на сите постоечки извори, водовони линии и базени на вода за пиење во Македонска Каменица. Денес, вработените од Јавното претпријатие „Камена Река“ започнаа со целосно испуштање и темелно чистење на базенот во Стара Каменица (извор Китка). По завршувањето на овие активности, следува поставување на нови филтер слоеви, осигурување на зафатите и базените за вода и поставување на автоматски хлоринатори.

Со тоа, покрај воведените редовни анализи и проверки кои тековно и навремено се вршат, со овие мерки граѓаните ќе добијат квалитетна, здрава и чиста вода за пиење. Со овие планирани активности на ЈП Камена Река покрај главната градска водоводна мрежа, ќе бидат опфатени и сите постоечки водоводни линии во селските средини од општина Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар