ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Почитувани,

Општина Македонска Каменица ги повикува сите физички и правни лица кои имаат можност да донираат прехрамбени и хемиски производи за ранливите категории на граѓани. Средствата кои во моментов им се најпотребни на нашите сограѓани, да ги достават во општина Македонска Каменица.

Мобилните тимови на општина Македонска Каменица ќе им ги достават на старите, изнемоштени, болни и ранливи лица.

Телефонски број за контакт со општина Македонска Каменица 033 432 741 и 071 377 841

Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме солидарни, колку можеме заеднички да си помагаме во овие тешки моменти.

Хуманоста не се кажува, хуманоста се прераскажува!

Ограничето го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Со тоа се заштитувате себе и своите најбилски.

 

Со почит,

 Општина Македонска Каменица

 

Сподели

Остави коментар