Изградба на улица Пере Тошев

Започна изградба на улица во централното градско подрачје на Македонска Каменица.Улицата “Пере Тошев”(крак од улица “Осоговска”) е во должина од 140 метри со тротоари од 1.5 метри.

Цената на договорот за изградба на оваа улица е 2.024.388,50 денари.

Во овој дел од централното подрачје започнува и изградбата на паркинг простор со површина од 1.590 м2,со што трајно би се решил проблемот со паркинг места на жителите на околните згради.

Цената на договорот за паркинг просторот е 2.953.272,45 денари.Рок на изведба :18.09.2018 година.Фирма изведувач на двата објекти е “Стоименов” ДООЕЛ од Кочани.

 

Сподели

Остави коментар