ИЗЛОЖБА ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Денес, во Домот на култура во Македонска Каменица, а во организација на КИЦ „Романса“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ е поставена ликовна изложба со творби на ученици. Дел од изложбата беа и дечињата од Детската градинка „Бамби“.
Во рамки на овој настан кој се одвива под мотото „Заедно да го прославиме во мир и слога најголемиот празник на Бога“, се изложени и велигденски јајца и украси кои се продаваат по симболични цени. Настанот завршува утре, петок (06.04.2018), а Домот на култура за посетители ќе биде отворен во периодот од 12.00-16.00 часот.

 

Сподели

Остави коментар