Млади садници по повод „Денот на пролетта“ засадија и учениците при ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

Македонска Каменица, 21 Март 2018 година – Учениците од 6-то до 9-то одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица денес засадија млади садници со што го одбележаа 21 Март – Денот на пролетта. Младите садници, денес засадени во еден од парковите во централното градско подрачје, ги обезбеди ЈП Камена Река – Македонска Каменица. Оваа акција беше помогната од вработените во Јавното претпријатие, а нивни заеднички активности се планирани и за во наредниот период.

Станува збор за редовна активност на учениците при ООУ „Св.Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, која денес се оддржа и покрај неповолните временски услови.

Сподели

Остави коментар