Нова вертикална сообраќајна сигнализација на фрекфентните улици во градот

 

Македонска Каменица, 27.11.2018 година – Општина Македонска Каменица започна со поставување на нови и со замена на оштетените сообраќајни знаци во централното градско подрачје.

Набавени се вкупно 76 нови сообраќајни знаци и 76 столбови за вкупна вредност од 115.292,00 денари.

Со поставувањето на сообраќајните знаци на најфрекфентните раскрсници во градот, дополнително ќе биде зголемена безбедноста, како на пешаците така и на сите учесници во градскиот сообраќај.

 

Сподели

Остави коментар