НОВИ ДЕКОРАТИВНИ ЗИМЗЕЛЕНИ ДРВЦА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Денес, на неколку локации во централното градско подрачје во Македонска Каменица се засадуваа нови декоративни зимзелени дрвца. Во оваа акција, покрај општинската администрација и вработените во ЈП „Камена Река“ учествуваа и вработени и ученици од СОУ „Миле Јаневски Џингар“.
Засадени се околу 400 садници во дворот на средното училиште, кај споменикот на Вера Јоциќ, пред општинската зграда и во „Паркот на рударите“.
Хортикултурното уредување на општина Македонска Каменица ќе продолжи и во наредниот период, а најголем дел од садниците и цвеќињата ќе бидат од расадниците на ЈП „Камена Река“.

Сподели

Остави коментар