Одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Општина Македонска Каменица 03.12.2018 година – По повод 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лица со посебни потреби, градоначалничката Соња Стаменкова денес во својот кабинет ги прими лицата со посебни потреби, вработени во Дневниот центар за лица со посебни потреби, како и дел од хуманитарните работници во општина Македонска Каменица кои во рамките на своето работење ја опфаќаат оваа група на граѓани.

Општина Македонска Каменица, на чело со градоначалничката Стаменкова во рамки на своите овластувања и програмски определби, како врвен приоритет кон подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби. и нивната интеграција во општеството. Тоа општина Македонска Каменица, го остварува преку работата на новоотворениот Дневен центар за лица со посебни потреби, каде во финална фаза е подготовката на Меморандум за соработка и регулирање на обврските помеѓу Општината и Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи – Делчево. Со неговото потпишување ќе се олеснат начинот и процедурите за воведување на нови мерки, со кои ќе се подигне нивото на меѓусебна соработка. Понатаму, општина Македонска Каменица поддршката за лицата со посебни потреби ја изразува со издвојувањето на средства за проекти и програми на хуманитарните здруженија и организации кои работат со оваа група на граѓани.

Оваа посета на кабинетот на градоначалникот на општина Македонска Каменица на лицата со посебни потреби им причини особена радост. Со својата искреност и блискост предизвикаа силни емоции роддителите и кај сите присутни во Салата за состаноци, каде во рамки на приемот, покрај можноста да ги искажат своите проблеми и барања од градоначалничката Стаменкова, секое од нив доби скромен пригоден подарок.

Минатата сабота, здружението „Бели Гулаби“ од Македонска Каменица, помогнато од општина Македонска Каменица и Рудник САСА во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, организираше хуманитарнен настан со забавна содржина. Забавниот настан со хуманитарен карактер, со своето присуство и издвојувањето на средства со кои ќе го помогнат подобрувањето на условите во средината на лицата со посебни потреби, го поддржаа и голем број на граѓани на Македонска Каменица. Присутните гости, родителите и лицата со посебни потреби, со кратко обраќање ги поздравија градоначалничката Стаменкова и претседателката на хуманитарната организација „Бели Гулаби“, Наташа Џевелекова.

Во текот на денешниот ден, во организација на ЦПЛИП „Порака“ се одржува и модна ревија, настан приреден за лицата со посебни потреби на кој тие ќе можат да ги истакнат своите „манекенски“ способности. Модната ревија ќе се одржи од 13: часот, во Домот на култура во Македонска Каменица. Истата е помогната од општина Македонска Каменица, КИЦ Романса и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ – Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар