Општината и Рудникот поделија новогодишни пакетчиња и за основците


Градоначалникот на општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова и финансискиот директор во Рудник Саса, г-дин Дејан Спасевски поделија новогодишни пакетчиња и за учениците во Основното училиште „Св.Кирил и Методиј“.

Доделувањето новогодишни пакетчиња е настан кој се одвива веќе неколку години и е дел од поширока социјална активност која заеднички ја реализираат општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“. Покрај новогодишните пакетчиња за дечињата од ЈОУД „Бамби“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, се доделуваат и социјални пакети за ранливи категории граѓани, се организира коктел за лица со посебни потреби на кој истите добиваат скромни подароци, се организира хуманитарен новогодишен базар, а заедничка е и организацијата на предновогодишниот коктел за сите граѓани, за предновогодишните културни настани, како и за Дочекот на Нова година.

Сподели

Остави коментар