Општина Македонска Каменица ќе работи со скратено работно време

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Согласно заклучоците донесени на 23 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март, а поради спречување на опасноста од ширење и зараза со Ковид – 10 вирусот, општина Македонска Каменица ќе работи со скратено работно време во периодот од 08:00 до 12:00 часот секој работен ден.

Претходно донесената забрана за влез на странки продолжува да важи: Поради тоа ги известуваме странките кои имаат потреба и соработка со ЕЛС Македонска Каменица, преку електронски пат да ни се обратат во наведениот период од денот.

Сподели

Остави коментар