Општина Невестино од Република Бугарија во соработка со Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица ќе аплицираат за средства за изградба на кули за рана детекција и превенција од шумски пожари

      Заменик градоначалникот на општина Невестино – Р. Бугарија Јордан Глогов во придружба со општинскиот градежен инжинер – Људмил Стојанов, архитектот – Маја Кожухарова и геодетот – Темјанушка Стефанова денеска остварија работна средба во кабинетот на градоначалникот Соња Стаменкова во Македонска Каменица.

Двете општини подготвуваат заедничка апликација со предлог проект по Вториот повик на Интеррег-ИПА прекугранична програма Бугарија – Македонија која е финансирана од „Европска територијална соработка” преку ИПА фондот и кофинансирана од Република Бугарија и Република Македонија, преку придонеси од националниот буџет.

ЈП „Камена Река” како проектен партнер од општина Македонска Каменица ќе настапува со предлог проетот кој опфаќа „изградба на кули за рана детекција и превенција од шумски пожари на територијата на нашата општина и општина Невестино од другата страна на границата со Република Бугарија”.

Предлог проектот ѐ насочен кон заштита на животната средина и управување со ризик значително ќе помогне во ублажувањето на последиците од климатските промени како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и нејзиниот биодиверзитет и одржливо користење на природните ресурси на прекугранично ниво.

 

 

Сподели

Остави коментар