ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ УПАТУВА АПЕЛ: НЕ ЈА ВРШЕТЕ САМИ ДОСТАВАТА НА ХУМАНИТАРНИТЕ ДОНАЦИИ КОН ИНСТИТУЦИИТЕ И РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИ

Согласно мерките и препораките на Влада на Република Северна Македонија  и Координативниот штаб за заштита од зараза и спречување на ширење на Ковид 19, Општинскиот Кризен штаб во Македонска Каменица упатува апел до сите хуманитарни организации, фирми и граѓани поединци своите донации кон јавните установи и ранливи категории на граѓани да го вршат исклучиво во координација со Општинскиот Кризен штаб. Овој апел се упатува со цел да се спречи можноста за ширење на заразата и непотребно изложување на граѓаните на непотребен ризик од зараза со Ковид 19.

Телефонски броеви за контакт со мобилните тимови во општина Македонска Каменица 033 432 741; 071 377 841; 078 416 528

Само преку координираност на институциите и одговорност на граѓаните со придржување кон мерките и одредбите донесени за заштита и спречување на зараза можеме да ги надминеме опасностите од коронавирусот (Ковид 19).

Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме организирани во солидарноста, за сите заеднички да си помогнеме во овие тешки моменти.

Хуманоста не се кажува, хуманоста се покажува!

Ограничете го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Со тоа се заштитувате себе и своите најблиски.

 

Со почит,

Општински Кризен штаб
Општина Македонска Каменица

Сподели

Остави коментар