Повторно започна со работа канцеларијата на Агенција за поттикнување на развој во земјоделието

Повторно започна со работа Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица. Истата, за прием ќе биде отворена секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот. Основна дејност на канцеларијата е прием на апликации од тековните програми, како и консултантски услуги од областа на земјоделието во врска со развојните програми и тековни проекти.

Отворањето на канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето е помогнато од општина Македонка Каменица, истата се наоѓа на вториот кат од општинската административна зграда. Во канцеларијата е вработено стручно лице, дипл. иженер – агроном, се со цел доближување на земјоделците до новините и тековните развојни процеси што разните владини и странски фондови ги нудат за развој на земјоделието.

 

Сподели

Остави коментар