Потпишан договор за членство на општина Македонска Каменица во Институтот за стандардизација на Република Македонија

Денес, градоначалничката Соња Стаменкова и Џеват Кицара, директор на Институт за стандардизација на Република Македонија потпишаа договор за членство на општина Македонска Каменица во ова национално тело.
Со потпишувањето на овој договор општина Македонска Каменица пристапува кон спроведување на регулативи и практики според европски стандарди.

Институтот за стандардизација на Република Македонија (ИСРМ) е национално тело за стандардизација кое ги претставува националните интереси во меѓународните, европските и регионалните организации за стандардизација, ги промовира стандардизациските активности и преку здружување на јавните и приватните заинтересирани страни, ИСРМ подготвува и усвојува доброволни национални стандарди.

ц

Сподели

Остави коментар