ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН ЗА НОВИТЕ ПРВАЧИЊА

Општина Македонска Каменица е лидер во државата по социјални мерки за ученици. Покрај организираната целодневна настава, Општината доделува и паричен надоместок за исхрана за ученици од многудетни семејства и ученици од социјално загрозени семејства. За таа цел донесен е посебен Правилник за начинот, условите и висината на надоместокот за користење на исхрана.

Денес, градоначалникот на општина Македонска Каменица д-р Дарко Митевски беше во посета на Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, каде со скромен подарок на новите првачиња им го честиташе влегувањето во училишните клупи и им посака многу успеси во учењето.

 

И годинава продолжува трендот на раст на бројот на нови првачиња и запишани се речиси дваесет нови ученици повеќе во споредба со минатата година. 
„Годинава се запишани околу 80 првачиња, што во споредба со минатите години е значителен раст. Тоа е факт кој радува и се надеваме дека за неколку години повторно ќе имаме повеќе од 100 нови првачиња во училишните клупи“ – изјави градоначалникот д-р Дарко Митевски.

Сподели

Остави коментар