ПРИЈАВА за online работа и достава на продукти од маркети, аптеки, достава на храна од ресторани и такси превоз на територијата на општина Македонска Каменица

Почитувани,

Следејќи ги одлуките и мерките донесени на 36. Седница на Владата за воведување на забрана за движење на граѓаните поради спречување на внесувањето и ширењето на заразата со Коронавирус Covid 19, а која стапува во сила од среда (08.04.2020), Општинскиот Кризен штаб ги информира граѓаните за:

– Согласно владините мерки за online работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, како и такси превоз, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават во општина Македонска Каменица, за добивање на дозвола за работа за време на полициски час.

Во прилог е Пријавата која е потребно да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до петок 10.04.2020 година до 12 часот.

Пополнетата Пријава да се испрати на: gradonacalnik@makedonskakamenica.gov.mk

Сподели

Остави коментар