Македонска Каменица, 25 март 2025 – Во просториите на Јавното претпријатие „Камена Река“, одржавме работен состанок посветен на планираните инфраструктурни проекти во нашата општина. На состанокот присуствуваа претставници од локалната самоуправа и ЈП „Камена Река“, при што беше дискутирано за утврдување на клучните проекти и инвестиции на Општина Македонска Каменица во наредниот период.
Главен фокус на состанокот, беше изградбата на нова патна, водоводна и канализациона мрежа, како и партерно уредување на повеќе јавните површини во урбаните и руралните делови на општината. Со овие проекти имаме за цел да го унапредиме квалитетот на живот на нашите граѓани и да придонесеме кон севкупниот развој на општината.

Како општина, во соработка со ЈП „Камена Река“, остануваме посветени на реализацијата на повеќе значајни проекти, при што воведовме нов, координиран пристап за поефикасна изградба и подобрен квалитет на изведените работи.
Очекуваме дека ваквиот пристап во заедничкото планирање и имплементација, ќе донесе значителни подобрувања во условите за живеење на сите жители на Општина Македонска Каменица.