Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/23,224/24,40/25) и член 49 од Статутот на општина Македонска Каменица Сл. Гласник на општина Македонска Каменица бр. 20/19), Градоначалникот на општина Македонска Каменица и Годишната програма за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на територијата на Општина Македеонска Каменица за 2025 го дава следново соопштение :
За организирање на ЈАВЕН УВИД на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW Луковица 3, на дел од КП 912/4 КО Луковица, Општина Македонска Каменица изработена од ДУТП “АКВА –ИНГ” ДОО Штип со тех.број06-01/25 од 01.2025, постапка во е-урбанизам 69034.
Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW Луковица 3, на дел од КП 912/4 КО Луковица, Општина Македонска Каменица е со површина од 0.74 ха. и зафаќа дел од КП 912/4, КО Луковица.
Проектната документација се изработува по прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Македонска Каменица и одобрена проектна програма.
Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW Луковица 3, на дел од КП 912/4 КО Луковица, Општина Македонска Каменица ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Македонска Каменица: www.makedonskakamenica.gov.mk и во електронскиот систем е-урбанизам.
Јавниот увид ќе трае 15 дена од објавувањето на соопштението започнувајќи од 10.04.2025 до 25.04.2025 год.
Во споменатиот период може да се доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Анкетните листови за учество можат да се подигнат од просториите на Општината – одделение за урбанизам, и во електронскиот систем е-урбанизам во определениот рок.
Изготвил:
Градоначалник
Димчо Атанасовски с.р.
Документи:
- СООПШТЕНИЕ за организирање на ЈАВЕН УВИД на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW Луковица 3, на дел од КП 912/4 КО Луковица, Општина Македонска Каменица изработена од ДУТП “АКВА –ИНГ” ДОО Штип со тех.број06-01/25 од 01.2025, постапка во е-урбанизам 69034.
- Анкетен лист
- Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани со капацитет до 1MW Луковица 3, на дел од КП 912/4 КО Луковица, Општина Македонска Каменица