Распишан тендерот за изградба на улицата Миле Јаневски Џингар

Покрај реализацијата на повеќе локални и маалски пристапни патишта во селските средини, општина Македонска Каменица во рамки на усвоената Програма за развој на општината за 2021 година, распиша тендер за изградба на улица Миле Јаневски Џингар. Со должина од 200 метри оваа улица е од огромно значење за жителите на населбата Суво Маало, бидејќи ќе поврзува поголем број на индивидуални живеалишта со асфалтен пат.

“Со ова се решава еден огромен проблем на жителите од оваа градска населба, трајно се решава пристапот до нивните домови и значително го олеснуваме движењето во сообраќајот во овој дел од градот. Општина Македонска Каменица преку изградбата на нова инфраструктурата и реконструирањето на постоечката и во нарениот период ќе продолжи со подобрувањето на квалитетот на живот на сите жители на општината”, – истакна градоначалничката Соња Стаменкова, додавајќи дека “изградбата на улицата “Миле Јаневски Џингар” започнува веднаш по потпишувањето на Договорот со избор на најповолен понудувач”.

Сподели

Остави коментар