Рудник „Саса“ отвори канцеларија во Македонска Каменица

Денес, генералниот директор на Рудник „Саса“ г-дин Нил Стевенсон и градоначалникот на општина Македонска Каменица г-ѓа Соња Стаменкова свечено ја отворија новата канцеларија на Рудник „Саса“ во Македонска Каменица. Канцеларијата е сместена на вториот кат во општинската зграда (поранешен Дом на рудари) и истата ќе работи секој петок од 08:00 до 16:00 часот. Овој нов простор ќе биде отворен за сите граѓани на Македонска Каменица и тука тие ќе може да поднесуваат формулари за жалби, а ќе се примаат барања за спонзорства и донации, како и апликации за вработување.

Инаку, канцелариските простории на Рудник „Саса“ досега целосно беа стационирани во непосредна близина на Рудникот во селото Саса.

Сподели

Остави коментар