Советот на општина Македонска Каменица ќе ги намали комуналните такси за угостителите на предлог на градоначалничката Стаменкова

На следната Седница на Советот на општина Македонска Каменица една од точките на Дневен ред ќе биде предлогот  даден од страна на градоначалничката Соња Стаменкова, за ослободување од плаќање на комунални такси на угостителските објекти.

Предлогот до Советот на општина Македонска Каменица се однесува на процентуално намалување на таксите за користење на простор пред деловен објект, угостителските објекти (кафеани, кафулиња, гостилници и слично) и нивните истурени деловни места (бавчи и тераси) за 2020 година.

Ове е една од мерките кои градоначалничката Стаменкова веќе ги најави како дополнителна помош и грижа кон угостителските правни субјекти во Македонска Каменица, како еден од најпогодените сектори од појавата и ширењето на Ковид 19.

Сподели

Остави коментар