Терастрично прскање против комарци, во сабота на 28 јуни, на подрачјето на Општина Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во сабота, на 28. Јуни 2025 година, во доцните вечерни часови, ќе се спроведе терастрично прскање против комарци на вкупна површина од 200 хектари.
Третманот ќе го изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со употреба на еколошки, широкопојасен инсектицид, одобрен од Бирото за лекови, наменет за уништување на возрасни единки на комарци.
Апелираме до сите пчелари на подрачјето на Општина Македонска Каменица навремено да ги преземат соодветните заштитни мерки за време и по извршеното третирање.
Во случај на неповолни временски услови, прскањето ќе биде одложено и ќе се спроведе во првиот следен погоден ден.
Општина Македонска Каменица останува посветена на заштитата на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.