Соопштение за ново работно време во општинската администрација

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека од 03 ноември 2020 година општинската администрација воведува двосменско работење согласно со насоките и препораките во врска со потребата за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (КОРОНА ВИРУС).

Работното време од вторник, 03 ноември, ќе се организира во групи  на неделна основа и ќе  започнува од 07.30 часот-11.30 часот (прва група) и 11.30 часот15.30 часот (втора група) без користење на дневна пауза.

Исто така, општина Македонска Каменица потсетува дека граѓаните своите барања можат да ги доставуваат електронски или по писмен пат во Општинскиот центар за услуги, а доколку имаат потреба од лична комуникација со одредени служби, да ги почитуваат законските уредби и препораките за заштита од болеста ковид-19, односно граѓаните задолжително да носат маски за заштита на лицето и да држат растојание.

Сподели

Остави коментар