СРЕДБА СО НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

Денес, во просториите на општина Македонска Каменица, градоначалникот Соња Стаменкова оствари прва работна средба со новите претседатели на Месни заедници. Најпрвин им го честиташе изборот, а ги претстави и проектите и програмските активности кои ќе бидат реализирани во наредниот период.
На новите претседатели им беше укажано дека сите предлози од нивните месни заедници можат да ги доставуваат до општина Македонска Каменица, по што ќе бидат изберени најприоритетните и истите ќе бидат реализирани. На овој начин ќе се согладаат вистинските потреби и проблеми на граѓаните и истите во континуитет ќе бидат решавани.

Сподели

Остави коментар