Средба со претставници од ХОГ „Бели Гулаби“

Во рамки на редовните активности, градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова оствари средба со претставници од здружението „Бели Гулаби“.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката, а беа разгледани ѝ сите можности за поддршка на лицата со посебни потреби и создавање подобри услови за нивна полесна интеграција во општествениот живот. Меѓу другото, на оваа средба ставен беше акцент на одбележувањето на 3ти декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, како и на забрзување на активностите за отварање на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар