Учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ организираа хуманитарен базар


Учениците и наставниот кадар од СОУ „Миле јаневски Џингар“ го организираа традиционалниот хуманитарен новогодишен базар. Средношколците од Македонска Каменица заедно со лицата со посебни потреби изработија новогодишни украси и честитки кои беа изложени во централното градско подрачје и истите се продаваа по симболични цени.

Поведени од фактот дека хуманоста е најубавата човекова одлика и посебност, учениците од СОУ ,,Миле Јаневски Џингар” за денешниот новогоишен хуманитарен базар, изјавија:

Сите ние живееме во време, во кое никој не е совршен. Секој е различен и посебен на свој начин. Со овој проект ние учениците од СОУ ,,Миле Јаневски Џингар”, сакаме да ја искажеме нашата хуманост на дело и да ја поттикнеме хуманоста кај останатите наши сограѓани. Со тоа што поголемиот дел од новогодишните украси и честитки ги изработивме заедно токму со лицата со посебни потреби, сакаме покажеме дека и луѓето со посебни потреби имаат значаен удел во денешното современо општество.

Средствата кои се собрани од денешниот базар, како и оние што ќе бидат соберени на новогодишниот базар кој ќе се оддржи наредниот петок (29.12.2017) ќе бидат донирани за лицата од ранливи категории на граѓани.

Наредниот петок, покрај средношколците, ќе бидат вклучени и дечиња од ЈОУДГ „Бамби“, како и ученици во ООУ „Св.Кирил и Методиј“, а покрај граѓаните ќе бидат поканети и сите фирми, институции и установи од Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар