Учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ го одбележаа 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ

Денес, во Домот на култура, учениците при ООУ „Св Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица приредија пригодна културно уметничка програма по повод утрешниот празник 11 Октомври – Ден на востанието на Македонскиот народ.
На приредбата преку читање на реферати, рецитирање на тематски литературни творби и изведба на хорски музички точки беше истакнат значајот на 11 Октомври како почеток на антифашистичкото востание и народноослободителната борба на македонскиот народ. Во Домот на култура при изведбата на културно уметничката програма присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, како и раководители и претставници на локалната самоуправа, голем број на просветни работници, наставници и професори од училиштата во Македонска Каменица.

Одбележувањето на 11 Октомври во Македонска Каменица ќе продолжи и утре, во 11 часот, со читање на реферати и рецитали пред споменикот на народниот херој Вера Јоциќ во Македонска Каменица, каде ќе бидат положени и свежи букети свеќе од претавници на локалната самоуправа, на чело со градоначалничката Соња Стаменкова. Букети свежо свеќе ќе бидат положени и на вечното почивалиште на народниот херој Вера Јоциќ во село Саса, Македонска Каменица.

Сподели

Остави коментар