Јавен повик за помош и нега во домот од Програмата за социјални услуги и сервис на граѓаните во Општина Македонска Каменица

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ бр.5/2002) и Програмата за социјални услуги на Општина Македонска Каменица за 2025 година („Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.49/25), Градоначалникот на Општина Македонска Каменица објавува:

Ј А В Е Н  П О В И K

За помош и нега во домот од Програмата социјални услуги и сервис

на  граѓаните  на Општина Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица објавува јавен повик и ќе започне со примање Барање за „Помош и нега во домот“ од Програмата социјални услуги и сервис за граѓаните на Општина Македонска Каменица сметано од 25.07.2025 година.

Услови за пријавување се:

– Лицето да е жител на Општина Македонска Каменица;

– Да е на возраст над 62 години;

– Да е корисник на пензија или да е корисник на социјална помош;

– Корисник може да биде само еден (1) член од една семејна заедница (исклучок може да биде само доколку се приложи медицински извештај за нега и третман за второ лице.

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат Барање кај одговорното лице за Програмата во Општина Македонска Каменица – Миран Митревски.

 

Заедно со Барањето треба да се поднесат следните документи:

– Фотокопие од лична карта;

– Фотокопие од потврда за примена пензија или потврда издадена од надлежната институција дека лицетот е корисник на социјална помош;

– Фотокопие од медицинска документација за здравствената состојба  на лицето.

 

Јавниот повик е отворен и ќе трае во континуитет до крајот на 2025 година.

 

default

 

Сподели

Остави коментар