ЈАВЕН ПОВИК за учество на уметници/музичари/артисти во проектот „Култура во време на корона во Македонска Каменица“

Културно информативниот центар „Романса“ во соработка со општина Македонска Каменица објавува:

Ј  А  В  Е  Н        П  О  В  И  К

 

за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона – Македонска Каменица“

Идејата на повикот е пред се поддршка кон музичките уметници, односно уметниците кои ги изгубиле редовните музички настапи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом во време на корона кризата.

Вид на проекти:

  1. Маалски музички изведби – настапи, во времетраење до 2 часа.
  2. Според потребите, дел од музичката опрема за настап биде обезбедена од КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.

Критериуми:

  • Изведувачите да имаат место на живеење во Општина Македонска Каменица.
  • Нема ограничување на возраст.
  • Повикот се однесува на сите уметници/музичари/артисти од Општина Македонска Каменица кои во овој период немаат ангажмани.

Надомест:

  • Сите изведувачи ќе добијат еднаков солидарен хонорар. Средствата се обезбедени преку Годишната програма за култура на КИЦ „Романса“ за 2020 година.

Контакт:
Горан Огнановски,  ВД Директор на КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица
тел: 070 230 687 /  078 416 531

Напоменуваме дека ќе бидат прифатени оние уметници/музичари односно музички групи/бендови, кои имаат барем минимум музичко искуство и настапи.

Културно информативен центар „Романса“
Македонска Каменица

Сподели

Остави коментар