Асфалтирање на улица „Пере Тошев“

Македонска Каменица 04.07.2018 година – Општина Македонска Каменица започна со асфалтирање на улицата Пере Тошев во централното градско подрачје. Оваа улица која е крак од улица Осоговска, ќе биде со должина од 140 метри и со тротоари широки 1.5 метри.
Цената на договорот за изградба на оваа улица од централното градско подрачје на Македонска Каменица е 2.024.388,50 денари.
Во овој дел од централното подрачје ќе биде изграден и паркинг простор со површина од 1.590 м2, со цел трајно да се реши проблемот со паркинг места на жителите од околните згради. Цената на договорот за паркинг просторот е 2.953.272,45 денари. Фирма изведувач на двата проекти е Стоименов ДООЕЛ од Кочани.

Сподели

Остави коментар