Второ авионско прскање против комарци во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица ги известува граѓаните дека во среда, на 21 јули 2021 г. во доцните вечерни и во раните утрински часови на територијата на општина Македонска Каменица ќе биде спроведено копнено и авиотретирање против комарци.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.

Сподели

Остави коментар