ГРАДОНАЧАЛНИК

Градоначалник на општина Македонска Каменица
Соња Стаменкова е родена на 11 февруари 1968 година во село Саса, како прво од четири деца во рударско семејство.
Основното образование го започнала во подрачното училиште „Гоце Делчев“ во Саса, а го продолжила и завршила во ОУ „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Средното образование го посетувала во гимназијата „Методија Митевски Брицо“ на насока биологија и хемија, по што се школувала во средното медицинско училиште „Вељко Влаховиќ“ (денес „Јане Сандански“) во Штип, каде се стекнала со звањето медицинска сестра.
Својата професионална кариера ја започнала во ЈЗУ „Гоце Делчев“ во Македонска Каменица, каде работела од 1987 до 2006 година. Потоа, во периодот од 2006 до 2017 година, продолжила да работи во приватната здравствена установа „Д-р Драги Фамили Медика“.
Од 2009 до 2012 година студирала психологија на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе, каде се стекнала со звањето дипломиран психолог.
Во периодот од 2010 до 2014 година, ја завршила четиригодишната едукација по гешталт психотерапија во рамки на Гешталт институтот Младен Костиќ – АСПЕКТИ – Исток.
Во периодот од 2013 до 2017 година била советник во Советот на Општина Македонска Каменица, што го означува нејзиниот почеток во активната политика.
На локалните избори во 2017 година, Соња Стаменкова е избрана за градоначалничка на Општина Македонска Каменица, победувајќи во вториот круг со освоени 54,24% од гласовите, и станува една од шесте жени кои добиле градоначалнички мандат во тој изборен циклус. Функцијата ја извршувала до 2021 година.
Во периодот од 2022 до 2025 година, Стаменкова работела како образовен асистент во општинските училишта во Македонска Каменица и Делчево, каде придонесувала во воспитно-образовниот процес и психолошката поддршка на учениците со посебни образовни потреби.
На локалните избори во 2025 година, повторно ја добива довербата на граѓаните како кандидат на Коалицијата предводена од СДСМ, со освоени 1.734 гласа или 46,18% од излезените гласачи, победувајќи го дотогашниот градоначалник Димчо Атанасовски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 1.702 гласа или 45,33%. Со тоа, Стаменкова стана една од ретките жени во Македонија кои двапати ја освоиле градоначалничката функција.
Соња Стаменкова е мажена и мајка на едно дете.
Контакт:
Телефон: +389 33 432-741
e-mail: gradonacalnik@makedonskakamenica.gov.mk