Градоначалничката Стаменкова го отовори „Бизнис форумот со стопнаственици и иселеници за искористување на потенцијалите на Македонска Каменица“

Оваа година, за првпат во рамки на „Денот на дијаспора“ општина Македонска Каменица, организира „Бизнис форум со стопанственици и иселеници за искористување на потецијалите на Македонска Каменица“, кој како работен дел од средбата која се оддржува во Мотел „Мерак“- Луковица, Македонска Каменица.

На присутните од „Бизнис форумот со стопанственици и иселеници“ со позравен говор им се обрати градоначалничката на општина Македонска Каменица која ја истакна важноста на овој прв чекор, со кој Општината започнува да работи во насока на подобрување на степенот на искористеност на потенцијалите на Македонска Каменица. Се надеж дека, ќе успееме да допринесеме за развој на веќе постоечките капацитети и Ве поттикнеме и помогнеме, сите ваши идеи да ги реализирате во успешни бизнис приказни, со кои ќе овозможиме забрзан економски напредок на општина Македонска Каменица.
Општина Македонска Каменица, веќе работи на изработка на стратегија и студии за брз и оддржлив економски развој, кој во иднина ќе се темели на мерки и програми со поволности. Оваа цел можеме единствено да ја оствариме доколку сите заеднички и здружено работиме на развојот на социјалниот, економскиот, образовниот и спортскиот напредок на Македонска Каменица. Само така можеме да создадеме подобри услови за инвестирање и стопанисување и да создадеме општина со просперитетна иднина за сите наши граѓани, – додаде Стаменкова во своето обраќање.

На настанот свои презентации имаа и претставници од Министерството за земјоделие,сточарство и водостпанство, потоа Фондот за иновации и технолошки развој и Агенцијата за вработување на РСМ.

Нивните презентации можете да ги погледнете овде:

Агенција за вработување на РСМ Merki za finansiska poddrska na investicii 
Министерство за земјоделие, сточарство и водостопанство Презентација Програма за Рурален развој 2019

Фонд за иновации и технолошки  развој Biznis Forum 12.08.2019

 

 

Сподели

Остави коментар