Советот на општина Македонска Каменица ја одржува 15-та Седница на Совет на општина Македонска Каменица. Во прилог го објавуваме текстот од Дневниот ред на 15-та седница:
Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/2002) и член 19 од Статутот на Општина М.Каменица (“Службен гласник на Општина M.Каменица” бр.4/2005), Претсeдателот на Советот на ЕЛС М.Каменица донес
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на XV (15та)седница на Советот на
ЕЛС Македонска Каменица
Седницата ќе се одржи на ден 21.12.2018 година со почеток во 10:00 часот во салата за состаноци во oпштина Македонска Каменица со следниот:
Д н е в е н р е д
Усвојување на предлог- записник од 14та седница
на Советот на општина М.Каменица
1.Предлог-Буџет на општина Македонска Каменица за 2019 година, со сценарија на Буџетот за 2020 и 2021 година.
2.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Македонска Каменица за 2019 година.
3.Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.
4.Предлог-Одлука за давање согласност за измена и дополниување на статутот на ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица.
5.Предлог – Одлука за давање согласност за оттуѓување на моторно возило.
6.Предлог-Програма за одржување на хигиената на јавните прометни површини (улици) на територијата на општина Македонска Каменица за 2019 година.
7.Предлог-Програма за извршување на јавни работи за 2019 година во општина Македонска Каменица.
8.Предлог-Програма за работа и развој на ЈП “Камена Река” Македонска Каменица за 2019 година.
9.Предлог-Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација.
10.Предлог-Одлука за донесување на Предлог на Детален урбанистички план за дел од Македонска Каменица локалитет блок 1 и блок 2, плански период 2015-2020 година.
11.Предлог-Одлука за определување на крајбрежниот појас на суводолици во плански опфат на УПС Цера општина Македонска Каменица
12. Разно.
Совет на општина М.Каменица
Претседател Иван Кузмановски