Започната реконструкција и доизградба на улица „Вера Јоциќ“

Започнаа градежните активности за реконструкција и доизградба на улица „Вера Јоциќ“ во централносто градско подрачје на Македонска Каменица. Улицата„Вера Јоциќ“ е со должина од 470 метри и ширина на коловоз 5,5 метри.  Во склоп на градежните активности се врши вадење на постоечкиот дотраен асфалтен слој, потоа следува поставување на нов тампон и асфалтен слој.

Со ова општина Македонска Каменица трајно го решава овој инфраструктурен проблем на жителите од овој дел на градот и овозможува полесен пристап до домовите со поврзувањето со улица Каменичка.

Цената на договорот за изградба на улица „Вера Јоциќ е 8.798.351 денари, а изведувач е градежната фирма „Коле Транс Инжинеринг“ ДОО – Штип.

Во моментов заради вршењето на интензивни градежни активности од страна на фирмата изведувач известуваат дека „Вера Јоциќ“ не е проодна улица за сообраќај.

Сподели

Остави коментар